Нова година на Токсикологија: Најмладиот пациент има 14 години, најстариот 38
На Токсикологија за време на новогодишната ноќ се примени помалку пациенти споредено со претходните години. Директорот на клиниката, д-р Андон Чибишев, информира дека вкупно 22 пациенти побарале медицинска помош.
„Од 22 прегледани пациенти, 18 се со акутни труења од алкохол. Четири од нив се жени, а 14 мажи. Сите пациенти се пуштени на домашно лекување,“ изјави Чибишев.
Тој истакна и детали за возраста на пациентите:
„Најмладата пациентка меѓу жените има 17 години, додека најстарата е на 26 години. Кај мажите, најмладиот пациент има 14 години, а најстариот е 38 години,“ додаде директорот.
Меѓу пријавените случаи има и пациент кој измешал алкохол со таблети, што дополнително го усложнило неговиот случај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нова година на Токсикологија: Најмладиот пациент има…
На Токсикологија за време на новогодишната ноќ…
(Фото) Киев под жесток оган: Руски дронови…
Руската армија изврши масовен напад врз главниот…
Бугарија и Романија целосно влегуваат во Шенген
Од денеска се укинуваат контролите на патниците…
Претседателката Сиљановска-Давкова помилува 7 осуденици
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод новогодишните празници…
Зеленски: Ќе ја завршиме војната во 2025…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето новогодишно…