Нова еколошка катастрофа во Македонија: Токсична прашина околу Битола, обвинителството отвори случај

t

Обвинителството заедно со Државниот инспекторат за животна средина испитуваат дали одлагањето на пепелта во РЕК Битола се врши според прописите, согласно еколошката дозвола. Ова доаѓа откако жителите од овој регион по социјалните медиуми почнаа да објавуваат фотографии од огромен облак од прашина околу РЕК Битола, пренесува МКД.

ОЈО Битола издаде наредба до СВР Битола за увид на лице место и утврдување факти за евентуално постоење на кривично дело кое се гони по службена должност. Државниот инспекторат за заштита на животната средина изврши вонреден инспекциски надзор, при што веќе беа утврдени определени недостатоци во однос на мерките за спречување и намалување на емисијата на прашина на одлагалиштето за пепел, соопштија од ОЈО Битола.

При процесот на производство на електричната енергија се создава токсична и радиоактивна пепел која треба соодветно да се затрупува со земја. Веќе редовна појава е кога времето е ветровито, прашината да се разнесува низ воздухот.

Во РЕК Битола веќе се работи на отстранување на пепелта која не е соодветно депонирана.

Откако Државниот инспекторат за животна средина ќе го заврши целосниот извештај, Обвинителството ќе донесе одлука во врска со овој случај.

Извор: МКД

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…

Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…

Државата беше побавна затоа што мора да…

Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…

Земјотрес во Македонија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…