Нова жртва на експресниот пат Штип – Кочани – во сообраќајка еден починат и тројца повредени

t

Тешка сообраќајна несреќа се случила утринава на експресниот пат Штип – Кочани, при што едно лице го загубило животот, а тројца се здобиле со повреди.

Според информации на Телевизија Кочани, во несреќата учествувале две патнички возила – „Фолксваген Поло“ и „Рено“ со бугарски регистарски таблички.

Неофицијално, во едно од возилата се превезувале работници, од кои тројца се полесно повредени. Еден од патниците, поради сериозноста на повредите, бил пренесен на скопските клиники, каде подоцна им подлегнал.

Полицијата врши увид на местото на несреќата за утврдување на причините и околностите под кои се случила трагедијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нова жртва на експресниот пат Штип –…

Тешка сообраќајна несреќа се случила утринава на…

Македонската Влада остана без интернет страница

Вечерва интернет страницата на македонската Влада е…

Трамп ја нарече Грета Тунберг „лудa“, таа…

Претседателот на САД Доналд Трамп ја нарече…

Трамп се заканува дека ќе го активира…

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп,…

Повредениот доктор Шаини е во стабилна состојба,…

Докторот Зекирија Шаини, кој денеска беше повреден…