Објавено на:

Нова трагедија во Србија: Полициски службеник убил 35-годишен човек

t

Припадници на српското МВР интензивно трагаат по И.А.(1995) од Прибој, Србија, полициски службеник, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело убиство, се вели во соопштението на МВР.

Осомничениот, кој не бил на должност, се товари дека околу полноќ во ресторан во Прибој му задал неколку удари на триесет и петгодишен маж кој паднал и, како што се сомнева, удрил со главата во шанкот.

Од здобиените повреди 35-годишникот починал во болница во Прибој, пренесува српски Курир.

Осомничениот побегнал од местото и по него е започната потрага.

Полициски службеници привеле две лица на информативен разговор поради сомнение дека по извршувањето на кривичното дело му помагале на И.А.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетовец нападнал полицаец во станица во Аеродром

На 14.06.2025 година во 19.50  часот во…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

Мајка на загината во трагедијата во Кочани…

„Деко се криел во скривница додека децата…

Газда Деко се криел доле во скривница…

„Ви укажавме кои се, а не сте…

Ние тука родителите не сме правници, соопштението…

(Фото) Уште хермелини да донесеа – Запленети…

Запленети возила повторно се паркирани пред полициската…