Новиот Закон за рударство предвидува протерување на народот

t

Под изговор на “усогласување со европските директиви“ и “развој на рударството“, власта на ДПМНЕ подготвува закон кој претставува директна закана за животите на македонските граѓани.

Со новиот Закон за рударство освен што е предвидено да се направи пустош на Македонија, тој предвидува и доколку под вашите домови се откријат минерални суровини, државата да има право да ве исели за да обезбеди простор за отворање на рудници.

Ова претставува невидено понижување и потценување на сопствениот народ! Наместо да се заштитат граѓаните, нивните домови и нивното здравје, државата се става во служба на профитот на странските корпорации. Македонија се претвора во рударска колонија, каде интересите на народот се подредуваат под интересите на големите, мултинационалните компании.

Законот е кроен исклучиво во интерес на корпорациите, а не на народот.
Наместо да се стави крај на штетните и опасни рударски проекти, државата го легализира нивното ширење!
Овој Закон не смее да помине!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот Закон за рударство предвидува протерување на…

Под изговор на “усогласување со европските директиви“…

(Видео) Ова е закон: Масовно рушење дивоградби…

Еди Рама објави ново видео на Фејсбук…

Не секогаш муштеријата е во право: “Газда…

На 22.08.2025 во 14:51 часот во СВР…

Каде се проектите? Јаневска: За една година…

Во рамки на денешниот саем за отчет…

Српскиот претседател претстави нови економски мерки за…

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, објави денеска уредба…