Новиот командант на украинската армија повика на промена на методите на војување

t

Во своето прво обраќање откако беше назначен за шеф на вооружените сили на Украина, генерал-полковник Олександр Сирски рече дека земјата мора да ги промени и подобри методите на војување ако сака да се спротивстави на руската инвазија.

Во објавата на Телеграм, Сирски изјави дека е потребно „јасно и детално планирање на дејствијата на сите органи на воената управа“, а се осврна и на потребата од модерно оружје од западните партнери на Украина.

„Само промените и постојаното подобрување на средствата и методите на војување ќе овозможат успех на тој пат“, напиша тој.

Инаку, украинскиот претседател Володимир Зеленски на вчера го назначи Сирски, кој ја презеде функцијата за шеф на вооружените сили од Валери Залужни.

Промената на раководството на вооружените сили доаѓа во клучен момент за Украина, која од крајот на 2022 година не успеа да ја врати значајната територија претходно окупирана од Русија.

Киев сега се соочува и со потенцијално намалување на воената помош од САД, нивниот најголем поддржувач, бидејќи републиканските пратеници го блокираат пакетот помош од 60 милијарди долари поради барањата за длабоки промени во американската гранична политика.

Во меѓувреме, на Плоштадот на независноста во Киев се одржува протестен митинг со барање за враќање на поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина Залужни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ: Украина има законко право да се…

Портпаролот на Европската унија, Петер Стано, коментирајќи…

Се јави Медведев и тоа со закана,…

Русија треба да ја направи својата специјална…

Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина

Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…