Новиот министер за правда: Без поддршка на ЕУ и САД ветинг не може да има

t

Министерот за правда Кренар Лога започнал консултации со внатрешни и меѓународни фактори за можните модалитети на ветинг.

Тој во интервју за „Програма 200“ на Алсат-М откри дека на средбата со евроамбасадорот во Скопје го искажал своето мислење дека на земјава не и треба разочарување на граѓаните како што се случи со поранешното Специјално јавно обвинителство.

Доколку нема поддршка од ЕУ и од САД, министерот Лога рече дека не може да има процес на ветинг.

„Со други зборови, на Македонија најмалку и треба поголемо разочарување од тоа што се случи. Ние сме во фаза на контакти и размена на мислења, тоа што го споменав претходно, ќе се бира модалитетот како ќе влеземе во овој процес. Ако немаме директна вклученост на ЕУ, со постојани советници во смисла на инструментот што треба да ни помогне и вклучувањето на САД за да го зголемиме кредибилитетот во овој процес, тогаш верувам дека нема потреба од ветинг. Или ќе влеземе во вистински процес кој ќе го оправда кредибилитетот кон мене и кон министерството и кредибилитетот на јавноста или воопшто не вреди да се започне“, изјави Лога.

Тој додаде дека евроамбасадорот изразил подготвеност директно да се вклучи во овој процес, а потсети дека и американската амбасадорка покажала посебен интерес за истиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

Поранешниот претседател на Уставниот суд, Мурати: Ветингот…

Ветингот треба да почне од политичарите, не…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…