Објавено на:

,,Новиот Пирло” го напушти Милан

t

Њукасл направи резервација на првиот голем трансфер за ова лето, го договори Сандро Тонали од Милан.

Ова го потврдува новинарот Фабрицио Романо, како и „Скај спортс Италија“, пренесувајќи дел од атмосферата на денешните преговори меѓу претставниците на Њукасл и на Милан.

Oтшетата, која беше последна пречка, пред Милан да се согласи да го продаде 23-годишниот играч за врска, најверојатно ќе изнесува 70 милиоин евра плус пет милиони во бонуси. Милан бараше 80 милиони, откако „Страчките“ понудија 10 помалку. На средба со спортскиот директор Ден Ешворт и скаутот од Њукасл, Стив Никсон, бил и агентот на Тонали, Бепе Ризо, кој наводно договорил плата од осум милиони евра.

„Одиме за Романија“, одговорил само Ризо, кога новинарите го пречекале по состанокот со луѓето од Њукасл.

Во Романија е Тонали, на репрезентативна обврска со Италија, на Европското првенство за играчи со 21 година. Се очекува во текот на утрешниот ден да потпише договор, а и Њукасл да се пофали за новото засилување.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Би-би-си“: Новата шефица на МИ6 е внука…

МИ6 денес се обиде да ја дистанцира…

Трамп повторно би го бомбардирал Иран ако…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави…

Турчин приведен во моментот кога сакал да…

На 26.06.2025 во 17:40 часот на Граничниот…

По пожарот во Делчево: Малолетничка побарала помош…

Денеска (27.06.2025) во 00:19 часот во ОВР…