Новиот претседател на Уставен суд: Седниците ќе ги емитуваме во живо, за да ја вратиме довербата кај граѓанитe
Новиот претседател на Уставен суд Дарко Костадиновски, изјави дека враќањето на довербата кај граѓаните во правниот систем ќе биде приоритет за време на неговиот мандат.
Костадиновски рече дека довербата во судството е на најниско можно ниво, и тој ќе се заложи да се поправи.
„За остварување на тој приоритет неопходни се неколку чекори. Прв чекор е бескомпромисноста во обезбедување на независноста и самостојноста на Уставен суд, како и мојата бескомпромисност во обидите за било какви политички влијанија. Ќе предложам седници на Уставен суд да се снимаат и да се емитуваат во живо. Во други земји не се снимаат и не се пренесуваат во живо, но во тие земји немаме девастирано владеење на правото како кај нас. За да се врати довербата на граѓаните потребни се похрабри и одлучни чекори“, рече Костадиновски.
Костадиновски беше избран на 4. јуни за нов претседател на Уставен суд, после неколку неуспешни обиди да биде назначен прв човек на овој суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…
Таткото на Вања попладнево e донесен во…
Судот на ЕУ ја одобри забраната за…
Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…
Зеќири се расплака во завршните зборови на…
Во завршните зборови на судењето против поранешниот…
Судијката Снежана Манев избрана за претседателка на…
Судскиот Совет денеска ја избра судијката Снежана…
Амнестија за најблиските луѓе на Мицкоски: „Пресврт“…
Постапката е запрена поради сменети искази на…