Новиот топлотен бран пристигнува: Тропски денови и ноќи со температури до 40°C!

t

Од денес се зголемуваат температурите. Започнува нов топлотен бран.

За викендот и во текот на следната недела времето ќе биде многу топло, температурите главно над 35 степени, локално дури и до 40. Метеоролозите за денес поради високите температури активираше жолт и портокалов метеоаларм.

Се очекува прилив на топол воздух од југозапад. Топлата воздушна маса се протега од северна Африка, преку Медитеранот до нас и ќе ни донесе температури над просекот.

Времето во петок ќе биде целосно сончево. Небото ведро, без облаци, па индексот на УВ зрачење ќе биде многу висок. Препорака е да се престојува во сенка или внатре во најтоплиот дел од денот од 11 до 17 часот. Денеска ќе биде мирно, речиси без ветер. Максималната температура ќе биде од 32 до 34-35 степени.

Без промени во времето во наредните денови. Викендот носи многу топло и сончево време и температури над 35 степени. Исто така, слично време ќе продолжи и на почетокот од следната недела. Топло, сончево, задушливо, без дожд. Температурите локално ќе се искачат и до околу 40 степени. Од недела покрај тропските денови, се очекуваат и тропски ноќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Новиот топлотен бран пристигнува: Тропски денови и…

Од денес се зголемуваат температурите. Започнува нов…

Орбан: Моќни групи во Брисел се заинтересирани…

„Постои група, лидерите на Унијата, кои седат…

(Фото) По 12 години градење, телекомуникациската кула…

Претседателот на Комисијата на Агенцијата за електронски…

Зеленски објави три услови за преговори со…

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека неговите…

Јавниот долг на Албанија 14,1 милијарди евра…

Јавниот долг на Албанија продолжи да се…