Нови дестинации со авион од Скопје и од Охрид
Патниците може малку да здивнат. Ќе има нови релации. За да се олесни во целата процедура, државара прави напори за тоа. Конкретно, министерството за транспорт го објави јавниот повик за финансиска поддршка за воведување нови дестинации од Мeѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид за периодот 2025-2027 година. Во рамки на тригодишната програма за оваа намена предвидени се 360 милиони денари (5,85 милиони евра). Крајниот рок за доставување на барањата за учество во постапката е 7 октомври до 10.00 часот, во архивата на Министерството.
На повикот можат да се пријават сите заинтересирани авиокомпании кои ги исполнуваат следните критериуми: да поседуваат уверение за исполнување безбедносни услови за вршење на јавен воздушен превоз, да имаат превезено најмалку 5 милиони патници во 2023 година, да имаат остварено профит од минимум 10 милиони евра во 2023 година.
Финансиската поддршка ќе се доделува согласно критериумите за рангирање на новите дестинации и тоа по следниот редослед: период на oперирање на дестинацијата, број на неделни летови, атрактивност на аеродромот кон кој оперира, како и број на седишта понудени на продажба.
– Во однос на износот на финансиската поддршка таа ќе изнесува 9 евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен од Меѓународен аеродром Скопје, 12 евра во денарска против вредност по патник во доаѓање превезен од аеродромот Св. Апостол Павле – Охрид. Секоја нова дестинација за која се доделува финансиската поддршка, а ќе оперира од Меѓународниот аеродром Скопје и Св. Апостол Павле во Охрид, не треба да биде опслужувана во редовен превоз во последните две ИАТА сезони – велат од Министерството за транспорт.
Оттаму додаваат дека авиопревозникот кој е избран за корисник за финансиска поддршка е должен секоја нова дестинација воспоставена до/од аеродромите во Скопје и Охрид, за која се доделува оваа финансиска поддршка да ја опслужува најмалку два пати неделно во секоја од ИАТА сезоните според однапред утврден ред на летање, да изработи план за промоција и маркетинг на предложените дестинации, како и на секои шест месеци да доставува извештај до Министерството за транспорт.
Јавниот повик е објавен во Службен весник, на веб страната на Министерството за транспорт и врски, како и во домашни печатени медиуми и еден странски медиум.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Oдземени ренџровер и шевролет спарк без регистерски…
Полицијата одзеде две возила, ренџ ровер и…
Нови дестинации со авион од Скопје и…
Патниците може малку да здивнат. Ќе има…
АКО СТЕ ВО АТИНА, НЕ ЧЕКАЈТЕ ТАКСИ,…
Од пет часот утрово таксистите во Атина,…
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ Е КОГА ЌЕ ПОЧНЕ…
Нисим Ватури, член на израелскиот Кнесет, тврди…
Советниците на Тошковски и Исени секој месец…
23 лица ги советуваат министерот и заменикот…