Нови игралишта, безбедни улици и пристапни тротоари е мојата визијата за Аеродром

t

Нашата визија за јавниот простор е да биде уреден согласно реалните потреби на граѓаните. Тоа значи безбедни улици, достапни тротоари и места за рекреација каде што сите, од најмладите до највозрасните, ќе се чувствуваат пријатно и сигурно, изјави денеска за медиумите кандидатот за градоначалник на Аеродром, Д-р. Александар Трајановски.

– Предвидуваме изградба на нови, модерни и безбедни детски игралишта, вклучително и сензорни игралишта за децата со попреченост. Ќе се адаптираат рабниците на тротоарите, ќе се изградат тактилни патеки, затоа што пристапноста не е луксуз, тоа е човеково право.

Особено внимание ќе посветиме на решавањето на проблемот со кучињата скитници, преку системска соработка со сите надлежни институции, за да обезбедиме безбедна и хумана средина.

Ќе изградиме нови велосипедски патеки, ќе воведеме брз и функционален јавен превоз, а преку паметни паркиралишта и осветлување ќе создадеме општина што штеди енергија и време, а нуди квалитетен урбан живот.

Безбедноста е темел на сè што правиме. Затоа ќе воведеме редовна контрола на противпожарните системи во сите станбени згради и ќе изградиме нова противпожарна станица на територијата на Аеродром.

Ова не се само проекти, ова се мерки за достоинствен живот на секој мој сограѓанин од Аеродром.

Затоа на 2 ноември, заедно да се избориме за подобра општина, за општина која се грижи за секого, изјави Трајановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови игралишта, безбедни улици и пристапни тротоари…

Нашата визија за јавниот простор е да…

Д-р Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче,…

Како кандидат за градоначалник на Општина Аеродром,…

Историски најниска излезност на локалните избори: За…

Одѕивот на изборите за градоначалници и советници,…

МВР презема мерки за мирен, фер и…

Министерството за внатрешни работи за време на…