Нови избори сѐ позивесни: Османи покажала волја за намалување на тензиите
Претседателката на Косово, Вјоса Османи го прими денеска специјалниот претставник на Европската унија за косовско-српскиот дијалог, Мирослав Лајчак, со кого разговарала за „актуелните политички предизвици“ во односите меѓу двете држави.
Во соопштението од кабинетот на Османи се наведува дека на средбата станало збор посебно за актуелната криза во северно Косово, за напорите за деескалација и за потребата од спроведување на договорите од Брисел и анексот усвоен на средбата на косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ во Охрид, во март годинава.
Османи нагласила дека Косово покажало волја за намалување на тензиите, со тоа што понуди одржување нови градоначалнички избори во општините со мнозинско српско население во северно Косово – Северна Митровица, Лепосавиќ, Звечане и Зубин Поток.
„Претседателката Османи нагласи дека косовските институции се посветени на тоа заедно со меѓународните партнери да ги надминат актуелните предизвици и дека Косово демонстрира волја за деескалација, нудејќи организирање на нови избори на северот на земјата согласно косовската законска рамка. Претседателката Османи нагласи дека Косово останува непоколебливо во неговата посветеност на мирот и стабилноста во земјата и регионот“, се вели во соопштението.
Лајчак, кој допатува попладнево во Приштина, по приемот кај Османи, замина на средба со косовскиот премиер, Албин Курти, а утре ќе престојува во Белград, каде што, меѓу другите, ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Дипломатски извори од седиштето на ЕУ во Брисел изјавија за медиумите дека посетата на Лајчак на двете земји, на барање на шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, е со цел враќање на Приштина и Белград на преговарачката маса и намалување на тензиите во северно Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…
Мисијата на Европската унија за владеење на…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…
Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…
Рација на косовската полиција во филијалите на…
Косовската полиција изврши рација во филијалите на…
Нов протест на Србите во Косово утре
Жителите на српските средини во Косово утре…