Објавено на:

Нови израелски напади врз Газа – најмалку 44 загинати, меѓу нив и деца

t

Најмалку 44 Палестинци се убиени во нова серија израелски воздушни напади врз Појасот Газа. Од нив, 38 жртви се регистрирани во градот Газа, соопштија палестински здравствени извори.

Според агенцијата Вафа, девет лица, меѓу кои неколку деца, загинале во напад врз куќа на семејството Ал-Џамла во населбата Ал-Туфа. Во бегалскиот камп Ал-Шати, во напад врз домот на братот на директорот на болницата Ал-Шифа, Мохамед Абу Салмија, убиени се пет лица, меѓу нив и две девојчиња. Загина и братот на Абу Салмија.

Во други делови од Газа, загинале уште двајца цивили, еден во напад во близина на кампот Нусеират, а друг во Рафа, каде израелските сили отвориле оган во близина на хуманитарен центар.

Во утринските часови израелски авиони бомбардираа училиште што служело како засолниште за раселени лица. Две деца загинаа, а неколку други се повредени во нападот врз училиштето Ал-Моатасем, лоцирано во близина на стадионот Ал-Јармук.

Израелската армија соопшти дека во последните 24 часа извршила напади врз околу 100 цели во Појасот Газа. Меѓу нив се: тунели, магацини за оружје, позиции на Хамас и згради со експлозиви, стои во соопштението на Израелските одбранбени сили (ИДФ).

Армијата тврди дека се убиени и неколку команданти и борци на Хамас, и дека нивната 98-ма дивизија продолжува со операции во енклавата.

Според властите на Хамас, во изминатите 24 часа во Газа се убиени најмалку 34 лица, како резултат на израелските напади

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови израелски напади врз Газа – најмалку…

Најмалку 44 Палестинци се убиени во нова…

Трамп не е задоволен од Нетанјаху, но…

Американскиот претседател Доналд Трамп го изрази своето…

Израелски тенкови влегоа во станбените квартови на…

Израел вели дека целта на неговата офанзива…

Најмалку 13 Палестинци убиени во напад во…

Најмалку 13 Палестинци се убиени во сомнителен…

Кац: Ако Хамас не ги ослободи заложниците…

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес…