Нови информации во врска со апсењето на екс-директорот на СОЗР: УЈП заедно со обвинителството прибираат информации за поткуп!
Како што претходно објави Инфомакс неофицијално финансиската полиција го упасила Пеце Мирчески, поранешен директор на СОЗР (Служба за заеднички и општи работи на Владата).
На оваа челна позиција во СОЗР е од јуни 2017-та година, кога доаѓа на местото на неговиот претходник Васе Доневски.
Од ОЈО ги потврдија информациите посочувајќи дека се прибираат докази за кривично дело поткуп и уште неколку други кривични дела.
-Основното јавно обвинителство Скопје заедно со Управата за финансиска полиција презема дејствија за обезбедување докази во предмет за кривични дела примање поткуп, давање поткуп, проневера во службата и несовесно работење. Во тек се претреси на локации во Скопје, за што е обезбедена наредба на судија на претходна постапка, а се преземаат и други дејствија, велат од ОЈО.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…
Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…
Левица по третпат бара Надзорна расправа за…
Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…
Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…
Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…
Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…
Цените на горивата од вечерва на полноќ…
Арсовска за денес најави објавување докази за…
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска најавува продолжување…