Нови немири? Брнабиќ најави состанок на српската Влада со Србите од Косово
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ вчера вечерта изјави дека следната недела ќе се одржи уште една средба со сите владини министри и Србите од Косово за ситуацијата на Косово.
„Она што е страшно и што плаши и загрижува е тоа што тензијата повторно расте. Се зголемува бројот на провокации. Меѓународната заедница се уште молчи“, изјави Брнабиќ за Пинк.
Таа предупреди дека формирањето на Заедницата на српските општини, кое Приштина на секој начин го избегнува, се чека веќе 10 години.
„Мене од Белград ми е лесно да кажам: „Луѓе, бидете мирни“, а втората работа е што ги малтретирате луѓето секој ден, дека им ја крадете земјата, дека градите бази, дека имате запалена кола на која сите реагираат , и дека нема реакција од надлежните“, изјави Брнабиќ.
Таа додаде дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ се бори за мир и затоа е цел на напади.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…
Само Вучиќ не ја потпишал антируската декларација…
Само српскиот претседател Александар Вучиќ, од функционерите…