Нови потреси во православието: Латвиската црква прогласи автокефалност и ги раскина односите со московскиот патријарх

t

Латвиската православна црква прогласи автокефалност со што ги раскина сите односи од Руската православна црква на која досега и беше потчинета. Одлуката е директен резултат на односот на РПЦ кон војната во Украина и благословот што Патријархот Кирил го даваше за воените дејствува, пренесува Религија.мк

Вчера во Црквата „Сите светии“ во Рига се одржа Собор на Латвиската Православна Црква со  учество и на духвници и на мирјани од кој прозлегоа две одлуки. Првата повик до Руската црква да ја претстави Латвиската црква за автокефална и втората со уставни измени тоа да го гарантира. Овие одлуки се направени со цел да се обезбеди канонски отпуст од Руската православна црква, за да не не се смета за расколничка оваа црква.

На оваа одлука и претходеше решение на латвискиот парламент од 8 септември со кое беше направена измена на Законот за Латвиската православна црква, со што беше променет нејзиниот статус дека ќе функционира независно и самостојно.

-Кога законот ќе влезе на сила, секакво влијание или власт на Московската патријаршија над нашата православна црква ќе биде отстрането. Раскинувањето со секакви врски со Московскиот патријарх е важно прашање за нашите православни христијани, за целотолатвиско општество и за националната безбедност, посочи тогаш латвискиот Претседател.

-Ова решение е од правна природа и профатените промени се однесуваат за правниот статус на црквата. Државата определи статус на нашата црква како автокефална. Државата определи дека Латвиската православна црква е јуриздикциски независна од кој и д абило црковен центар надвор од Латвија, со тоа што истовремено го поддржува духовното, молитвеното и литургиското општење со сите канонски православни цркви во светот. Промената на статусот не јаменува православната вера, догмите, литургискиот живот на црквата, календарот,литургискиот јазик, обредите, стои во официјалното соопштение на Латвиската православна црква.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…