Нови “препукувања” меѓу Уставниот суд и Лога: Министерот кажува невистини

t

Имајќи ја предвид својата позиција и независност, Уставниот суд е должен да реагира на невистинитите и неточни тврдења искажани од страна на министерот за правда Кренар Лога. Согласно уставната положба која на Уставниот суд му обезбедува да се дистанцира од секаков политички авторитет, Судот укажува дека е недозволиво за член на Владата како носител на извршната власт јавно да ги доведува во заблуда граѓаните со изнесување на произволни констатации и невистини во врска со работењето на Уставниот суд, велат од Уставен.

– Имено, господинот Лога сподели невистини и погрешно ја информира јавноста во врска со т.н. Упатство за водење на матичните книги, кои потоа се споделени и преземени од повеќе медиуми. Неточни се тврдењата на министерот за правда Кренар Лога дека од Уставниот суд е побарано мислење во било која форма за понатамошно постапување со издавање на изводите бидејќи нема пристигнато таков допис од ниту од Управата за водење на матични книги, ниту пак од Министертвото за правда. Во интерес на зачувување на достоинството и угледот на Судот како единствена институција со такви надлежности, информираме дека Уставниот суд комуницира преку своите акти, но во никој случај не е дел од формалната процедура Судот да врши консултација со било кој учесник во постапката и да советува откако ќе биде донесена одлука. Уставниот суд нема надлежност да кажува кои се идните чекори по донесени одлуки, затоа што доносителите на актите имаат обврска да ги решаваат проблемите, се вели во соопштението од Судот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Правдата за злосторството врз Вања е блиску,…

Грозоморното и свирепо убиство на 14 годишната…

Монструозно: Таткото на Вања направи ЛАЈК со…

Таткото на Вања попладнево e донесен во…

Судот на ЕУ ја одобри забраната за…

Владините канцеларии можат да забранат верско облекување,…

Судски совет: Министерот Лога е должен да…

„Министерот Лога е должен да го почитува…