Објавено на:

Нови тензии меѓу Курти и Рама: На средбата со Вархеји во Тирана нема да има претставник од Косово

t

На средбата што ќе се одржи денеска во Тирана за лидерите на Западен Балкан, според албанските медиуми, нема да има претставници на Косово бидејќи било одбиено учеството на вицепремиерот Бесник Бисљими, пренесува Економија онлајн.


Косовскиот премиер Албин Курти, кој беше поканет во Тирана на средба во рамки на Берлинскиот процес, денеска одлучи да учествува на симпозиумот што се одржува на Крит, а Бисљими требаше да учествува како претставник на Косово.

„Но, ниту Бисљими нема да може да учествува, бидејќи беше одбиен затоа што неговото ниво е минорно и не е соодветно за денешната средба“, се вели во текстот на Економија онлајн.

Организаторите на средбата го информираа вицепремиерот на Косово дека неговото ниво е споредно и несоодветно и дека досието на средбата ќе биде испратено по безбедна пошта до Владата на Косово, односно до кабинетот на премиерот.

На состанокот во Тирана ќе учествуваат премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ, премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски, претседателката на Советот на министри на Босна и Херцеговина Борјана Кристо и премиерката на Србија Ана Брнабиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУЛЕКС: Подготвени сме да реагираме во случај…

Мисијата на Европската унија за владеење на…

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…

Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…

Рација на косовската полиција во филијалите на…

Косовската полиција изврши рација во филијалите на…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…