Нови цени на горивата од полноќ

t

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,03% во однос на одлуката од 19.6.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,465%, кај дизелот за 2,506%, кај екстра лесното масло зголемување за 2,274% и кај мазутот зголемувањето е за 1,512%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 1,309%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,022 ден/кг и сега ќе изнесува 41,007 ден/кг.

Од 27.6.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,007 (денари/килограм)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

РКЕ утре ќе донесе одлука за цената…

Регулаторна комисија за енергетика (РКЕ) за утре…

Ново поевтинување на горивата од полноќ

Од ноќеска на полноќ за два денари…

Нови цени на горивата од полноќ

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика,…

Се намалува цената на мазутот

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и…

Нема простор за поскапување на парното, уверува…

Не се отвора никаков простор за зголемување…