Нови цени на горивата од полноќ

t

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,18 % во однос на одлуката од 2.12.2024 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,463%, кај дизелот за 1,862%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 0,882% и кај мазутот зголемувањето е за 1,83%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,2082%.

11.12.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 76,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 78,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 45,775 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,517 ден/кг и сега ќе изнесува 45,775 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 11.12.2024 година.

Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дурмиши: Цените на основните прехранбени производи не…

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши…

Нови цени на горивата од полноќ!

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Ново поскапување на горивата од полноќ!

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

(Фото) Да не ве лажат! Цените во…

Цените во регионот се драстично помали во…

Мицкоски нема информации дека цените пораснале

Премиерот Христијан Мицкоски нема информации за зголемување…