Поскапуваат горивата од полноќ

t

Од ноќеска на полноќ дизел горивото поскапува за 0,5 денари по литар и ќе чини 69,5 денари, додека цената на бензините останува непроменета, соопшти Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со новата одлука, малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 остануваат 75,5 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 – 77,5 денари. Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) исто така не се менува и изнесува 69 денари.

Се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС за 0,207 денари и од полноќ ќе изнесува 36,947 денари за килограм.

Од РКЕ информираат дека во однос на минатата пресметка, референтните цени на светскиот пазар бележат намалување кај бензините за 0,368 отсто, но има зголемување кај дизелот (2,18%), екстра лесното масло (1,481%) и кај мазутот (1,689%). Курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,6675%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поскапуваат горивата од полноќ

Од ноќеска на полноќ дизел горивото поскапува…

Филипче: Владата нема желба ниту да ги…

Владата нема желба да излезе во пресрет…

Нови зголемени цени на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува

Од полноќ се врши намалување на малопродажните…

Цените во Охрид „подивеа“: Еспресо 150, помфрит…

Нова сезона во Охрид, нови жалби од…