Нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,11 % во однос на одлуката од 23.12.2024 година.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстралесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,039 ден/кг и сега ќе изнесува 45,784 ден/кг.
Од 31.12.2024 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 77,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 79,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење екстралесно 1 (ЕЛ-1) 70,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 45,784 (денари/килограм)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови цени на горивата
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Наутро студено со услови за појава на…
Наутро студено со услови за појава на…
Голем пожар во Маџир Маало
Вечерва се запали стара и напуштена куќа…
Американско министерство за финансии: Кина изврши хакерски…
Американското Министерство за финансии објави дека кинески…
Силен земјотрес воТурција!
Земјотрес со јачина од 4,3 степени според…