Нови шокантни информации од мегаскандалот на Онкологија: На фамилиите на пациенти пред умирање им биле ветувани скапи лекови од странство

t

Ирена Мулачка од „Фокус“ во интервју за „Макфакс“ вели дека на фамилиите на пациенти пред умирање им биле ветувани скапи лекови од странство, но им била давана „волшебна комбинација“ од антибиотици и витамин Ц.


Се започна пред 6-7 месеци, по разговор со неколку вработени на Клиниката за онкологија, на кои најверојатно им дошло преку глава она што се случувало таму, вели во интервју за „Макфакс“ Ирена Мулачка.

„Многу повеќе од јасно е кој го правел тоа и кои лица се вмешани во ова“ – истакнува Мулачка, додавајќи дека целата шема за скандалот не можела да се одвива без врзан потпис на медицинскиот и на економскиот директор.

„Тука има една шема на луѓе, но дали инструкцијата била од самиот лекар или тоа било одлука само на одделенските сестри, а дека тоа се случувало го докажува и моменталната ситуација на Клиниката. Просторијата во која се растворале лековите била отворена. Според тоа што јас го знам, внатре биле по десет сестри и немало контрола. Дека може да манипулираат, може, дека може да биде без инструкција на лекарите, може, а може да биде и во договор. Еве, јас знам, дека еден од лекарите, ветувал на многу од пациентите во терминална фаза терапија“.

Според нејзините сознанија, лековите кои се злоупотребени од Онкологија се препродавале најверојатно на Косово, а во шемата учествувале директори, лекари, медицински и одделенски сестри, па и секретарки, благајници, возачи и чувари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Ацо ни го лекуваше целото семејство:…

Вчера во попладневните часови со неколку убодни…

СДСМ: По 20 години непостапување се расчистува…

После 20 годии шепотење и непреземање ништо…

Во Белград протест на српската опозиција, го…

Стотици демонстранти се упатуваат кон Републичката изборна…

Австралија им се извини на жртвите од…

Скандалот со талидомид е „едно од најтемните…