Нови 1.837 случаи на коронавирус од 6.647 тестови – Голем број на реинфекции
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 6.647 тестови, а регистрирани се 1.837 нови случаи на КОВИД-19.
Скопје – 890, Битола – 104, Кавадарци – 95, Куманово – 81, Тетово – 68, Прилеп и Струмица – по 60, Гостивар – 45, Неготино – 42, Велес – 40, Радовиш – 36, Штип и Гевгелија – по 32, Охрид – 31, Кичево и Кочани – по 29, Ресен – 22, Струга и Делчево – по 21, Крива Паланка – 17, Свети Николе – 16, Богданци – 15, Валандово – 13, Македоснки Брод – 7, Пробиштип и Кратово – по 6, Виница – 4, Берово, Крушево и Македонска Каменица – по 3, Демир Капија и Пехчево – по 2, Демир Хисар и Дојран – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (1.837), регистрирани се 246 реинфекции.
Регистрирани сe 85 оздравени пациенти од: Берово – 26, Скопје – 22, Кочани – 13, Пехчево – 12, Тетово – 6, Битола, Струмица, Кичево, Гевгелија, Кратово и Крушево – по1.
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 24 починати лица: 7 починати лица од Скопје (61г, 67г, 67г, 72г, 82г, 83г и 83г), 4 починати од Куманово (69г, 75г, 80г и 90г), 3 починати лица од Струмица (66г, 71г и 78г), по 2 починати лица од Охрид ( 48г и 69г ) и Кочани (78г и 82г) и по едно починато лице од Прилеп (66г), Битола (81г), Велес (73г), Штип (69г), Свети Николе (72г) и Пробиштип (80г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема пријавени починати лица.
Од вкупниот број на починати лица (n=24), девет лица се целосно вакцинирани, а кај 23 се регистрирани коморбидитети.
Направени се 6.647 тестови преку: ИЈЗ-454, ЦЈЗ Скопје-93, ЦЈЗ Битола-116, ЦЈЗ Прилеп-53, ЦЈЗ Тетово–12, ЦЈЗ Куманово-98, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–158, Жан Митрев (Филип Втори)-148, Авицена-280, Биотек-327, Систина-106, лабораторија Лаор-272, Синлаб-55, Ремедика-17, Плодност-77, Генеа-28, Никоб Лаб-723, ВФВ Медикал-158, Ели Медика-75, Ројал Медика–48, Спектра-ММ-27, Рапид Лаб–38, Жан Митрев Струмица–28, Нова Лаб Дијагностика–35, Рамус-41, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.180.
Досега во земјата се направени вкупно 1.779.972 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 266.937, бројот на оздравени пациенти е 239.666, на починати е 8.362, а бројот на активни случаи изнесува 18.909.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучевиќ е позитивен на Корона, пред неколку…
Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ е позитивен…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Бајден позитивен на Ковид
Претседателот на САД, Џо Бајден, се тестираше…
Грчките здравствени власти предупредуваат на наглото зголемување…
Властите во Грција предупредуваат на зголемено ширење…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…