Нови 25 случаи на голема кашлица, хоспитализирани се 3 лица
За една недела, односно од 26 јули до 1 август, пријавени се 25 нови случаи на голема кашлица или пертусис. Од нив, три се хоспитализирани, велат од Институтот за јавно здравје.
Според последниот извештај на ИЈЗ, најголем број од случаите се пријавени во Скопје или 13, а пријавени се и 10 случаи од Куманово и по еден од Битола и од Тетово.
Возраста на заболените се движи од два месеца до 50 години, а најголем број од случаите се од возрасната група до четири години.
„Од заболените, 17 се некомплетно вакцинирани, невакцинирани или имаат непознат вакцинален статус, петмина се комплетно вакцинирани, а тројца се вакцинирани согласно возраста“, стои во извештајот на ИЈЗ.
Заклучно со 1 август во државата, регистрирани се вкупно 981 случај на голема кашлица, што претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период од 2019 до 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи.
Според извештајот на ИЈЗ, од вкупниот број заболени или 981, кај 974 лица се регистрирани симптоми, додека болеста кај седуммина е во асимптоматска форма. Од 18 јануари до 1 август дадени се вкупно 62 184 дози вакцина со компонента против голема кашлица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нови 25 случаи на голема кашлица, хоспитализирани…
За една недела, односно од 26 јули…
Кардиолозите велат дека оваа масна храна е…
Научните истражувања покажуваат дека исхраната богата со…
ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГИ ПРАВИТЕ ОВИЕ ПОЧЕТНИЧКИ ГРЕШКИ,…
За жал, сите сме се нашле во…
103-годишен лекар ја испробал на себе: Ја…
Познатиот лекар никогаш не се здебелил и…
За првпат во Македонија изваден тумор од…
Вчера се испиша ново поглавје во историјата…