Нови 400 милиони долари поддршка од САД за Украина
САД ќе обезбедат до 400 милиони долари дополнителна помош во воена опрема за Украина, соопшти Пентагон.
Новата помош ќе вклучува дронови Хорнет на компанијата FLIR Systems, муниција за противвоздушна одбрана, оклопни возила и противтенковско оружје.
Дроновите Хорнет за првпат ќе бидат испратени во Украина.
Пакетот е финансиран со користење на Претседателското овластување за повлекување средства (PDA, Presidential Drawdown Authority), согласно кое може да се одобри трансфер на опрема и услуги од американскиот арсенал без одобрение од Конгресот како одговор на итни случаи.
Опремата ќе биде испорачана од вишокот залихи во САД.
Ова е 43-ти пакет безбедносна помош што САД го одобрија за Украина. Од почетокот на руската инвазија во 2022 година, САД обезбеди повеќе од 43 милијарди долари воена помош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Трамп две недели ќе одлучува дали ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе одлучи дали…
Израел очекува одлука на САД за приклучување…
Израел сè уште очекува дека американскиот претседател…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Русија: САД да не се мешаат во…
Русија ги предупредува САД да не се…