Новогодишна честитка на ССМ: Работната недела да трае 35 часа, а мајките да имаат повеќе време со своите рожби!

t

Градење на системско решение и обезбедување на континуиран пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор врз основа на егзистенцијалните потреби на работниците и нивните семејства и реалната состојба на економските и пазарни параметри, економскиот развој, инфлацијата, трошоците на живот и цените на основните животни продукти е основното барање од кое ССМ нема да отстапи и во наредната година

-Зголемување на платите на вработените во јавниот сектор согласно Општиот колективен договор за јавен сектор, минимална плата од најмалку 450 евра како гаранција за заштита на најранливата категорија на населението како и за спречување на одливот на работната сила, исплата на трошоците за храна на сите вработени во висина од 20 отсто од просечната плата, како и исплата на трошоци за превоз на сите вработени во висина на реалните трошоци за доаѓање и враќање од работа – се нашите главни приоритети, велат од ССМ.

Синдикатот ќе се залага и за потпишување на Општиот колективен договор за приватниот сектор, за ограничување на работата на определено време во исклучителни околности и на максимум една година и преферирање на работата на неопределено време како одраз на егзистенцијалната сигурност на работниците, право на неработна сабота и зголемена контрола на прекувремената работа, но и намалување на полното работно време на 35 часовна работна недела, за да се создадат можности за похумана работна средина и повеќе време за одмор на работниците.

ССМ не отстапува и од барањето за укинување на 72 часовната работна недела за работа на стратешките проекти (Коридорите 8 и 10д), кои беа воведени без социјален дијалог со злоупотреба на Европското знаме за заобиколување на процедурите во Парламентот за да нема консултации со социјалните партнери и синдикатите.

– Се бара и зголемено породилно отсуство, поголеми родителски права и поголеми права и флексибилност за усогласување на семејните прилики и потреби на работниците со потребите на работниот процес – порачаа меѓудругото од ССМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Руски генерал: Третата светска војна веќе започна,…

Откако израелската армија нападна ирански цели во…

Toшковски го пофали обвинителството: Обвинението пристигнало во…

Претседателот на кочанскиот суд, Спиро Борисов, во…

(Видео) Пеката од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал…

Во најавената епизода на „На кавга со…

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…