Новоизбран американски сенатор: Курти мисли дека има безрезервна поддршка од САД ама не е така!
Врз основа на досега преброените гласови на изборите за Конгресот на САД, републиканците имаат мала предност пред демократите, додека во трката за Сенатот водат со 49 спрема 48 освоени места, а еден од оние кои обезбедија мандат во Сенатот е Рон Џонсон кој триумфираше во државата Висконсин.
Неговата победа пред се се должеше на „српските гласови“, односно на фактот дека за Џонсон гласаа 22.000 Американци со српско потекло во два клучни области во Висконсин, пишува Косово Онлајн.
Не треба да заборавиме дека во текот на кампањата сенаторот се осврна и на актуелната ситуација во Косово, па така кажа и на предизборна средба.
„Курти работи под претпоставка дека Албанците на Косово ја имаат безрезервната поддршка од Америка и дека Америка не ги сака Србите, што му дозволува да прави што сака, но тоа не е така“, рече сенаторот Џонсон.
Џонсон доби 1.334.680 гласови (50,5 отсто), а неговиот противкандидат од Демократската партија Мандела Барнс 1.307.283 (49,5 отсто).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД ѝ се заканија на Турција со…
Помошникот на шефот на американското Министерство за…
Добар пример кој го воодушеви регионот: Момче…
Косовските медиуми го фалат гестот на 12-годишник…
Протест на Србите во Северна Митровица: За…
Србите од северот на Косово денеска се…
Има само шест години: Малиот Никола од…
Никола Јовиќ од Сремска Митровица е мал…
Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…
Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…