Новообјавената песна на Балашевиќ преслушана речиси 100.000 пати за 24 часа
Обожавателите на Ѓорѓе Балашевиќ по година и два месеци од неговата смрт ја добија новата песна на легендарниот кантавтор, што е преслушана речиси 100.000 пати за 24 часа.
Песната е објавена на 63-тиот роденден на Оливера Балашевиќ бидејќи ѝ е посветена на неа. Се вика „Роѓенданска“ и трае повеќе од шест минути.
Необјавената песна на Ѓорѓе Балашевиќ ги фрли во транс неговите обожаватели ширум поранешна Југославија, а многумина од нив пред два дена отпатуваа во Нови Сад, каде Оливера ја претстави новата песна и проширеното издание на стихозбирката „Допир на свилата“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Новообјавената песна на Балашевиќ преслушана речиси 100.000…
Обожавателите на Ѓорѓе Балашевиќ по година и…