Ново задолжување од 99 милиони евра – Ќе се гради гасоводна мрежа

t

Македонија повторно се задолжува, а најновиот заем ќе го земе државната компанија „НОМАГАС АД Скопје“, за што државата е обврзана да издаде гаранција.

Номагас“ ќе се задолжи со заем во износ од 98.600.000 евра за финансирање на Проектот за регионална гасификација, а Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) го условува одобрувањето на заемот со издавање на гаранција од страна на државата.

–  Македонија го гарантира намирувањето на обврските и исполнувањето на одредбите од Договорот за заем, кој ќе се склучи меѓу НОМАГАС АД Скопје и ЕБОР во износ од 98.600.000 евра, во рокови и услови предвидени во Договорот за заем, доколку НОМАГАС АД Скопје не ги исполнува и сервисира обврските од Договорот за заем – пишува во предлог законот доставен во Собранието.

Заемот се доделува во две транши и тоа првата транша е во износ од 66.344.000 евра, а втората транша е во износ од 32.256.000 евра. Рокот за отплата на двете транши од заемот е 15 години со вклучен грејс период од три години.

Двете транши од заемот ќе се отплаќаат во 24 полугодишни рати на 10 јуни и на 10 декември секоја година. Рокот на отплата на првата транша започнува од првиот датум од навршување на третата година од склучување на Договорот за заем, додека рокот за отплата на втората транша започнува од првиот датум од навршување на третата година од денот на достапноста за користење на втората транша.

Предлагачите, Министерството за финансии бараат законот да се донесе по скратена постапка.

Каматната стапка е варијабилна и се состои од шестмесечен ЕУРИБОР зголемен за маргина од 1 процент. Рокот на отплата на првата транша започнува од првиот датум од навршување на третата година од склучување на Договорот за заем, додека рокот за отплата на втората транша започнува од првиот датум од навршување на третата година од денот на достапноста за користење на втората транша.

–  Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост ќе и плаќа на Европската банка за обнова и развој провизија за неповлечени средства во висина од 0,5 отсто од заемот на годишно ниво. Провизијата за неповлечени средства за првата транша ќе започне да се пресметува по 60 дена од денот на потпишувањето на Договорот за заем од член 1 од овој закон. Провизијата за неповлечени средства за втората транша ќе започне да се пресметува по 60 дена од денот на достапноста за користењето на втората транша – пишува во законот.

Предлагачите посочуваат дека проектот за регионална гасификација е од стратешко значење за Македонија. Со проектот е опфатен интерконекторот со Грција (66 км) и двете делници: делница Гостивар – Кичево (34 км) и делница Свети Николе – Велес (28 км).

–  Имплементацијата на проектот ќе придонесе кон обезбедување забрзан и одржлив економски раст, повисок животен стандард и квалитет на живот на граѓаните. Проектот е еден од најприоритетните проекти за Македонија, за регионот, како и за Енергетската Заедница и истиот е поддржан од сите релевантни европски институции. Европската инвестициона банка (ЕИБ) има обезбедено средства во износ од 28.900.000 евра за финансирање на проектот – се посочува во законот.

Извор: Фактор

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бранимир Јовановиќ: Со новите задолжување ќе треба…

Постојат два загрижувачки индикатори поврзани со ребалансот…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

Битиќи: Најавеното задолжување од Мицкоски ќе го…

„Стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ вели дека јавниот долг…