Ново поскапување на горивата, ова се цените што ќе важат од полноќ
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе одлука за новата цена на горивата и нафтените деривати. Од полноќ ќе има зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,09% во однос на одлуката од 05.6.2023 година.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,922 ден/кг и сега ќе изнесува 40,526 ден/кг.
Од 13.6.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 70,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 40,526 (денари/килограм)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дурмиши: Цените на основните прехранбени производи не…
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши…
Нови цени на горивата од полноќ!
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
Ново поскапување на горивата од полноќ!
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…
(Фото) Да не ве лажат! Цените во…
Цените во регионот се драстично помали во…
Мицкоски нема информации дека цените пораснале
Премиерот Христијан Мицкоски нема информации за зголемување…