Ново соопштение на Град Скопје: Мицкоски нема кредибилитет за зборува за ветувања, ако сака може да го одблокира градот со една СМС порака

t

Град Скопје денеска се огласува со соопштенија по повод обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски за нефункционалност на Скопје.

„Мицковски нема кредибилитет да зборува за ветувања, особено не откако го призна Преспанскиот договор за реалност, иако три години ветуваше дека кога ќе дојде на власт ќе го врати името.

Мицкоски повеќе од 2 години е власт во градот Скопје, а сега и во Македонија, затоа наместо да нарачува и да се крие позади партиски соопштенија полни со клевети, уште еднаш го повикуваме да престане со две ипол годишната деструктивна политика на целосна блокада на главниот град преку неговите управни одбори и советници. Ако толку се грижи за градот и за скопјани, на следниот совет наредбата наместо да се блокира да биде да гласаат за спроведување на проектите кои Арсовска и Мицковски заедно ги ветија на граѓаните.

Мицковски можеше и сеуште може, ако сака, да им овозможи на скопјани нови автобуси, нови контејнери, нови машини за собирање смет, повеќе комунални работници, нови зелени површини. Се што треба да направи за да го одблокира градот е да испрати СМС порака на неговите експоненти во градот од денес да работат во корист на граѓаните, а не на партијата.

И за крај, Владата четврта година по ред ја нема платено обврската кон ЈСП за студентскиот стандард. Наместо тоа, еве сега има можност да плати рата за автобусите на Шилегов за кои ВМРО-ДПМНЕ гласаше тој да ги набави.“, стои во најновото соопштение на Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ново соопштение на Град Скопје: Мицкоски нема…

Град Скопје денеска се огласува со соопштенија…

СДСМ: Александар Николоски е новиот Чак Норис,…

Александар Николоски е уште еден политичар кој…

Американски војник и продал на Кина тајни…

Американски воен аналитичар се изјасни за виновен…

Германија издаде потерницаг: Украинскиот нуркач Володимир З.…

Германските власти го идентификуваа осомничениот за диверзијата…

Конфликт во израелското раководство: Галант рече дека…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот го…