Објавено на:

Нов Зеланд воведува санкции за Гаспром и други руски компании

t

Владата на Нов Зеланд објави нов пакет санкции против „Гаспром“ и други руски државни компании и производствени капацитети од наменската индустрија, се наведува во соопштението на министерката за надворешни работи Нанаја Махута објавено на владината веб-страница.

„Компаниите што се предмет на санкции се контролирани од Владата на рускиот претседател Владимир Путин и се од стратешко значење за Русија“, се наведува во соопштението во кое се појаснува дека со мерката се опфатени 38 руски и шест белоруски компании.

Шефицата на новозеландската дипломатија истакнува дека со новите ограничувања е опфатена и „Гаспром“, најголемата руска компанија и клучен извор на приходи од извоз и продажба на рускиот гас.

„Исто така, воведовме санкции за структури што произведуваат оружје и создаваат воени и одбранбени технологии како дел од рускиот воено-индустриски комплекс“, рече таа.

Досега Нов Зеланд има воведено санкции за повеќе од 650 руски граѓани, меѓу кои и претседателот Владимир Путин и членовите на руската Државна дума, како и 93 најголеми компании и организации во земјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…

Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…

Путин: Русија нема докази дека Иран сака…

Ниту Русија ниту Меѓународната агенција за атомска…

Русија тестира вакцини против рак

Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…

Путин откри што бара од Украина

Русија не бара капитулација на Украина, туку…

Путин: Русија се залага за рамномерен развој…

Рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека Русија…