Нов крвав инцидент во пихијатриската болница во Бардовци!
Вчера наутро, лекари од психијатриската болница во Бардовци пријавиле дека претходната вечер во болницата се случил инцидент во кој еден пациент нападнал друг, а во нападот користел остар предмет.
„На 14.08.2025 околу 09:00 часот во СВР Скопје од ЈЗУ „Психијатриска болница Скопје“ е пријавено дека на 13.08.2025 околу 23:50 часот во болницата М.С.(49) од Скопје со остар предмет го нападнал А.С.(39) од с.Горно Коњари, скопско. И М.С. и А.С. биле на лекување во болницата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.
На почетокот на месецов, пациент во болницата во Бардовци со скршено шише уби друг пациент, а случајот ја вознемири јавноста откако се дозна дека убиецот со години слободно ја напуштал болницата и непречено се движел низ Ѓорче Петров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов крвав инцидент во пихијатриската болница во…
Вчера наутро, лекари од психијатриската болница во…
Осуденик од Психијатриската болница „Бардовци“ починал откако…
Од МВР информираат дека ноќеска околу 01:40…
Запалени пет возила во близина на Психијатриската…
Попладнево избил пожар на плац со стари…
Шокантно признание на министерот за здравство: Лудилото…
Министерот за здравство Фатмир Меџити вели дека…
Се степале пациенти во психијатриската болница во…
Двајца пациенти во психијатриската болница во Бардовци…