Објавено на:

Нов Македонец во Шкотска, Трапановски потпиша за Данди јунајтед!

t

Се зголемува македонската колонија во шкотското првенство, по Бојан Миовски и Давор Здравковски уште еден наш фудбалер ќе игра во оваа земја, Кристијан Трапановски стави потпис на договор со Данди јунајтед.

Тоа што беше најавувано подолго време, сега и официјално се оствари, Трапановски се пресели во Шкотска.

„Данди јунајтед со задоволство може да го соопшти потпишувањето со Кристијан Трапановски на двегодишен договор со опција за дополнителни 12 месеци“, стои во соопштението на шкотскиот клуб.

24-годишниот фудбалер во Данди оди од Шкупи каде играше во изминатите четири години.

„Среќен сум, ова е огромна шанса за мене. Денеска тренирав со првиот тим и моите соиграчи и стручниот штаб беа фантастични со мене“, вели Трапановски.

„Фудбалот се игра за фановите и мислам дека ќе уживам во поддршката во Шкотска. Слушнав многу добри работи за навивачите на Данди и не можам да дочекам за првото Данди дерби“.

За фудбалерот кој потекнува од школата на Академија Пандев, ова нема да биде прво интернационално искуство, тој беше член на Славија Прага од 2017 до 2020, а од таму беше позајмуван на Татран Прешов, Викторија Жижков и Подбрезова.

извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Малолетникот од Петровец кој исчезна по семејна…

На 29.06.2024 во 20.15 часот во Полициското…

Наместо горди лавови, мачиња со свиткана опашка:…

Не е соодветно од наша страна да…

Црвен безбедносен аларм во Србија

Продолжуваат апсењата низ цела Србија по терористичкиот…

Истрели во воздух, закани со нож –…

Жители на населбата Ченто, видно вознемирани по…

(Видео) Втор хеликоптер кај Сушево и Злеово,…

Пожарот кој вчера попладне започна на територија…