“Нов национален херој”: Рама жестоко ја бранеше Македонија, Германците дури се вознемирија од шегата со западна Бугарија

t

Македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи синоќа ја коментираше шегата на претседателот на албанската влада Еди Рама, кој на германскиот канцелар Олаф Шолц му ги претставуваше гостите при што го нарече премиерот Димитар Ковачевски, како премиер на „идна Западна Бугарија”.

-Премиерот Рама беше многу остар кон бугарската делегација во Солун, дотолку што и тие се вознемирија, посебно кон прашањето за Македонија, велејќи дека ова што го прави Бугарија е голем срам, прокоментира Османи во емисијата „Клик плус“.

Според него, пред да ја каже шегата, Рама жестоко ја бранел Македонија.

-Секако дека и Албанија е жртва на ова, но ви кажувам дека Рама беше отворен во неговите критики, фактички тој кажуваше нешто што ние не можеме поради одржување на процесот жив. Рама не е должен толку силно да ги подржува нашите ставови, а тоа сите што беа таму го видоа, затоа мислам дека оваа критика кон него е бесмислена и некоректна. Секој кој ја следел неколку часовната дебата внатре ќе знаат која беше целта на тој сарказам. Јас можам во името на владата само да се заблагодарам за силната поддршка која таму ни ја даде премиерот Рама, појасни Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Османи не го потврди доаѓањето на Лавров…

Прашан дали имаат комуникации со Кабинетот на…

Рама: Договорот за прифатни центри за мигранти…

Албанскиот премиер Еди Рама, договорот за прифаќање…

Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…

За тврдењата на албанската опозиција дека во…

Османи: Европската агенда на Македонија мора да…

Враќањето на проширувањето на агендата на Европската…