Нов резил за ВМРО-ДПМНЕ: Го ставиле од тефтерчето – сега бараат да се разреши

t

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со траги-комичното однесување од позиција на власт. Откако дозволија да побегне командатот на УЧК, Блерим Рамадани осомничен за воени злосторства во Србија сега МВР и сите институции се обидуваат да ја префрлат вината на правосудните власти кои дозволиле да оди во домашен притвор.

Поранешниот војник на ОВК, Блерим Рамадани од Косово, кого го бараше Србија поради сомнежи за злосторства во војната на Косово пред 25 години, по потерница на Итерпол  беше уапсен на 17 јули 2024 на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка.

Во меѓувреме судски му беше одреден куќен притвор,по што тој побегна. Потоа институциите како МВР и Министерството за правда – една по една се прогласуваа за ненадлежни.

Она што е интересно, е што Таравари го честиташе „ослободувањето“ на Рамадани на денот кога тој беше испратен во куќен притвор.

ВМРО-ДПМНЕ пак инсистира на разрешување на судијата Пајазит Пајазити, по одлуката за куќен притвор за Блерим Рамадани, од каде што избега. Според партијата на Мицкоски, Пајазити донел тенденџиозни одлуки и за случајот со Иџет Мемети, но и за нападот на Контролната кула на скопскиот аеродром.

-Пајазит Пајазит не смее да продолжи понатаму да биде судија, одговорност за бегството на Рамадани мора да има.Пајазит Пајазити мора да објасни зошто го пуштил Блерим Рамадани во куќен притвор, наместо затворски. Истиот знаел дека Рамадани е лице кое може да се даде во бегство и покрај тоа му овозможил шанса за да избега,изјави пратеникот Тони Јаревски.

И наместо ВМРО-ДПМНЕ ако навистина бара одговорност за случајот истата да ја побара од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски чија надлежност е контролата на куќниот притвор или пак од министерот за здравство Арбен Таравари чија фејсбук објава упатува на тоа дека тој и неговата коалиција ВЛЕН имале удел во судска одлука и дека целта на испраќањето во домашен притвор на Рамадани била впрочем за негово ослободување и бегство, Мицкоски одговорноста ја бара кај надлежниот судија.

Но и ваквата логика во Белата Палата е проблематична имајќи во предвид кога Пајазит Пајазити станал судија.

Имено како што може да се види од јавно достапните податоци, Пајазити станува судија во далеќната 2013-га година кога на власт е токму ВМРО-ДПМНЕ.

И логиката вели дека ако судиите избрани токму во мандат и владение на ВМРО-ДПМНЕ се проблематични тогаш проблемот кој државата го има со владеењето на правото е проблем создаден токму од ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Битиќи до Кочоска: Компаниите ги оставивте…

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната…

Снегот предизвика проблеми во Бугарија, Боровец остана…

Снежното невреме во Бугарија предизвика проблеми во…

Финансиска полиција спроведува акција за апсење на…

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан…

МОРБИДНО! Семејството на убиената млада мајка открива:…

Животот на самохраната мајка на шест-годишно дете,…

Мицкоски: Безбедносните служби лажно ме претставиле како…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски на денешната…