Објавено на:

Нов Русин во редовите на Вардар

t

За новата сезона Вардар го засили тимот со интернационалецот Павел Андреев (194 см. / 96 кг.) кој доаѓа од тимот на Чеховски Медведи.

Андреев кој има 29 години од 2006 година е дел од тимот на повеќекратниот шампион на Русија, а од 2014 игра во првиот тим. Зад себе има и настапи за репрезентацијата на Русија на последните две големи натпреварувања на кои настапи неговата репрезентација, на ЕП 2020 и на СП 2021.

Со ангажирањето на Андреев одбраната на Вардар треба да биде подеднакво цврста како и досега, и тоа е играч што настапува во два правци, и во напад и во одбрана.

Во сезоната 2019/20 беше избран за најдобар дефанзивец во руската Суперлига, а со Чеховски Медведи досега има освоено 7 шампионски титули, 4 во Купот на Русија и 7 во Суперкупот.

Андреев шест сезони беше дел од Лигата на шампионите со рускиот првак, а последните две играше во Лигата на Европа. Минатата сезона даде 30 гола, додека актуелната сезона, во групната фаза на осум меча постигна 15 погодоци.

Андреев е четврто засилување за Вардар, по десниот бек Цехте, средниот бек Анѓелиќ и левиот бек Дуарте.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем помор на риба во Вардар кај…

Голем помор на риба и останатиот жив…

Човечко тело извлечено од вода на вливот…

ЦУК: Човечко тело е извлечено од надојдената…

(Фото) Еднаш вардарец, засекогаш вардарец: Нов гест…

Фудбалерите на Вардар в недела ги очекува…

Во Вардар во Велес најдено тело на…

Во реката Вардар во близина на место…

Град Скопје започна со реконструкција на пешачкиот…

Градот Скопје започна со реконструкција на пешачкиот…