Нов силен земјотрес ги погоди руските Курилски Острови
Земјотрес со магнитуда од 6,7 степени според Рихтеровата скала ги погоди руските Курилски Острови во Тихиот Океан денес, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот се случил на околу 270 километри од Камчатка, а епицентарот бил на длабочина од 53 километри.
Во среда, на 30 јули, Камчатка беше погодена од најсилниот земјотрес од 1952 година, со магнитуда од 8,8 степени.
По земјотресот беше издадено предупредување за цунами за делови од Русија и низ Тихиот Океан, а жителите беа повикани да се оддалечат од брегот во областите со ризик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов силен земјотрес ги погоди руските Курилски…
Земјотрес со магнитуда од 6,7 степени според…
Украина нападна руски нафтени постројки и воен…
Украинската војска соопшти дека нападнала нафтени постројки…
Ден на жалост во Киев по вчерашниот…
Најмалку 28 лица се убиени во вчерашните…
Фокс Њуз: ФБИ пронашле доверливи документи за…
Федералното истражно биро на САД (ФБИ) пронашло…
Полскиот премиер: Се ближи крајот на руско-украинскиот…
Постојат многу знаци дека руско-украинскиот конфликт ќе…