Нов скандал во МВР: Висок полициски функционер нападнал колеги во позната скопска дискотека!
Инфомакс дознава дека во текот на вчерашната вечер се случил голем инцидент во познатиот скопски ноќен клуб „Терминал“.
Имено двајца високи полициски функционери недолично се однесувале кон обезбедувањето на ноќниот клуб, вербално ги конфронтирале заканувајќи се со зборовите „знаете ли кој сум јас“ итн.
Обезбедувањето потоа ја повикало полицијата да се справи со своите колеги кои очигледно биле во алкохолизиарна состојба.
Кога дошло патролното возило и се конфронтирало со своите колеги, двајцата високи полициски службеници најпрвин почнале да им се закануваат со зборовите „уште утре ќе летате од работа“ повторувајќи ја изјавата од погоре „знаете ли кој сме ние“.
Инфомакс неофицијално дознава дека еден од полициските службеници е дел од тимот на началникот на сите специјални единици во МВР, а колегата кој го придружувал исто така бил висок полициски службеник.
Но тоа не е се… Вербална конфронтација ескалирала и резултирала со физички напад од страна на пијаните службеници кон нивните колеги, а еден од полицајците кои реагирале во ситуацијата се здобил и со лесни телесни повреди.
Откако во ноќниот клуб пристигнало полициско засилување, пијаните полицајци биле приведени и однесени во полициска станица.
Дополнително неофицијално им бил направен и алкотест кој одбивале да го направат за потоа да биде направен во психијатриската болница во Бардовци.
Како што дознаваме во текот на целата вечер биле вртени телефони и биле правени притисоци со цел настанот да се прикрие, но неуспешно. Причината зошто настанот неуспешно е прикриен е бидејќи во МВР постојат повеќе струи кои се борат за превласт, а дел од нив и отворено работат против министерот Панче Тошковски.
И покрај тоа што повеќе очевидци сведолече на настанот Инфомакс испрати и прашања до МВР за потврда за случувањатa. Од МВР го потврдија настанот и најавија дека против полицискиот службеник ќе биде поднесен соодветен поднесок.
-Денеска (24.01.2025) во 01.40 часот во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода И.Б.(49) од Скопје, по претходна пријава, дека пред ноќен клуб на подрачјето на општина Аеродром, физички нападнал полициски службеник, кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…
Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…
САД се подготвуваат да копаат литиум во…
Украинските власти ги презедоа првите чекори за…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…
(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…
Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…
Курти по изјавата на Трамп: Треба да…
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…