Нов скандал на Островот: Премиерлигашка ѕвезда обвинета за три силувања, клубот криел
Нов скандал со силување ја тресе Англија, откако англиските таблоиди објавија дека ѕвезда од Премиерлигата, кој е репрезентативец и играл на последното Светско првенство во Катар е обвинет за три силувања, а клубот иако знаел на секој начин го прикривал случајот.
Името на ѕвездата не е објавено, а информациите се дека силувањата се случиле во април 2021 година, како и во февруари и јуни минатата година. Клубот знаел за обвиненијата, но решиле да молчат и да пробаат да го заташкаат случајот, а фудбалерот не е ни суспендиран и продолжил да игра како ништо да не се случило.
Ова е најнов скандал со силување, откако Бенжамин Менди од Манчестер сити беше обвинет за силувања по осум точки, но беше ослободен, исто како и младата англиска ѕвезда Мејсон Гринвуд, кој цела година беше во аут и притвор за силување на својата девојка, која реши сега и да ја ожени.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Распад на енергетскиот систем: Управа со измислени…
После 10 дена од испаѓањето на РЕК…
(Видео) Кривична пријава за узурпација на јавен…
Три месеци по трагедијата во клубот „Пулс“…
Мицкоски: Нашата држава е една од најбрзорастечките…
-Ние сме новата надеж. Ние сме промената…
Мицкоски: Гајбата пред кооперација е поудобна од…
Претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан…
Апасиев ги избрука! Не работи канцеларијата за…
ПОТЕМКИНОВИОТ СВЕТ НА ВМРОИДИТЕ (или "Како функционира…