Нов случај на конго-кримска треска во Македонија
Во доцните вечерни часови на 12 август, Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ РСМ е телефонски известен за позитивен резултат на конго кримска хеморагична треска од направените тестови на материјал добиен од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, извести Институтот за јавно здравје.
Тестирањата се направени на Одделението за вирусологија при ИЈЗ. Како што информира Институтот за јавно здравје, заболеното лице е маж на возраст од 42 години, од Велес, трансфериран на Клиниката од Општа болница Велес, истиот ден.
Почетокот на симптомите на покачена температура до 38°Ц, главоболка, болка по телото, малаксаност и обилно потење, е 5 дена пред преглед во Општата болница во Велес.
Веднаш е известен ЦЈЗ Велес да формира тим кој направи епидемиолошка анкета на заболениот, проценка на ризик во семејството и на лицата кои биле во контакт во здравствените установи.
Во моментов, пациентот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и во стабилна општа состојба, соопштува Институтот за јавно здравје.
Контактирана е Агенцијата за храна и ветеринарство за дополнителни истражувања на терен.
Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при ИЈЗ е во комуникација со ЦЈЗ Велес и ја следи состојбата, а доколку има промена, соодветно ќе информира.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…