Нов ужас во училиште: Напаѓач избоде со нож две девојчиња во Берлин

Две девојчиња се тешко повредени денеска при напад со нож во училиште во јужниот дел на германската престолнина Берлин, соопшти берлинската полиција.
Полицијата наведе дека девојчињата се на возраст од седум и осум години и дека повредите на едното од нив се опасни по живот.
Приведен е 39-годишен осомничен, соопшти полицијата, додавајќи дека сѐ уште се нејасни околностите под кои се случил бруталниот напад.
Градоначалникот Каи Вегнер рече дека е шокиран од, како што рече, „неразбирлив чин“.
„Моите мисли во овие тешки часови се со двете ранети девојчиња“, рече тој. „Им посакувам брзо и добро закрепнување“.
Вегнер им изрази сочувство на родителите, наставниците и соучениците на жртвите и рече дека бил во близок контакт со полицијата за нападот.
Државниот оддел за образование на Берлин соопшти дека властите немаат никакви индикации дека зад нападот има политички или верски мотиви.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пакистанец си ја убил 15- годишната ќерка…
Човекот, на возраст од 50 години, неодамна…
Спречен напад на израелската амбасада во Берлин
Специјалци на германската полиција фатиле Либиец во…
Демонстрации во Берлин за мирно решавање на…
Во главниот град на Германија, Берлин, на…
Со воз од Берлин до Париз за…
Берлин и Париз наскоро ќе бидат поврзани…
Берлин му испрати иронична порака на Трамп:…
Американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека…