Нов „шамар“ за Џонсон: Конзервативците загубија на локалните избори на две места
Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон беше поразен затоа што гласачите не дадоа доверба на неговата Конзервативна партија на две места каде што се одржуваа локалните избори.
Претседателот на паратијата, Оливер Дауден поднесе оставка кога рано утринава стигнаа резултатите, наведувајќи дека партијата не може да продолжи да работи како ништо да не се случува.
Центристите и либералдемократите, го поништија претходното конзервативно мнозинство и победија во југоисточна Англија за еден мандат во Тивертон и Хонитон, додека главната опозициска Лабуристичка партија го врати мнозинството во Вејкфилд на северот на Англија.
Изборите, организирани по оставката на конзервативните пратеници поради секс скандали, им дадоа на гласачите шанса да го оценат премиерот само неколку недели по гласањето за доверба на партијата, каде 41 беа против него.
„Луѓето на Тивертон и Хонитон гласаа за Велика Британија“, кажа Ричарт Форд, новоизбраниот пратеник на Либерално-Демократската партија.
„Тие испратија јасна и гласна порака, време е Џонсон да си замине“, нагласи тој.
Претседателот на пратијата Оливер Дауден поднесе оставка.
„Нашите поддржувачи се незадоволни и разочарани од последните настани и јас ги споделувам нивните чувства“, изјави тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британец и неговата сопруга пpетеpале мигрант со…
Брачниот пар е обвинет за расистички напад…
ПРОЕКТИЛ ПОГОДИ БРОД НА БРИТАНСКАТА МОРНАРИЦА!
Британската кралска морнарица во неделата соопшти дека…
Британија размислува за испраќање војници во Украина?
Британската војска прави планови за непредвидени распоредувања…
Во Британија издадоа предупредување за многу заразна…
Здравствените експерти во Британија издадоа предупредување за…
Истражување: Милиони Британци овој Божиќ ќе мора…
Домаќинствата ќе бидат принудени да ги намалат…