Нокаут од бугарскиот амбасадор во Вашингтон: Историјата ќе биде услов за влез на Македонија во ЕУ!

t

Услов бугарската влада да поддржи отворање и затворање на поглавјата со Европската Унија е Македонија во целост да ги исполни одредбите од Договорот од 2017 година, во кој многу важен дел се историските прашања, изјави новиот бугарскиот амбасадор во Вашингтон Георги Панајотов во интервју за Гласот на Америка.

Според гласилото, амбасадорот изјавил дека Мешовитата комисија составена од македонски и бугарски историчари ќе мора да ги реши сите периоди од заедничката историја пред Северна Македонија да влезе во Европската Унија.

– Многу важен дел од Договорот од 2017 година е билатералната Комисија за историски и образовни прашања и нејзината работа на објективно, научно толкување на заедничката историја на двете земји, изјави Панајотов.

Панајотов додал и дека штом ќе се реши историското прашање, проблемот со јазикот нема да може да го наруши односот меѓу двете држави.

Според него, малите промени во францускиот предлог не ја смениле суштината на бугарските барања, и оти ако тоа било случај, Бугарија немала да го тргне ветото.

Бугарскиот амбасадор, меѓудругото, истакнал и за санкционирање на говорот на омраза, како и за депортацијата на македонските Евреи во Треблинка, велејќи: Како е можно браќата Манаки да се слават како херои во сегашната Северна Македонија додека тие одиграа клучна улога во регистрацијата на битолските Евреи кои требаше да бидат депортирани?  

Гласот на Америка потсетува дека министерот за надворешни работи Бујар Османи веднаш по потпишувањето на вториот билатерален протокол за исполнување на Договорот за добрососедство и пријателство од 2017 година, рече дека историските прашања нема да бидат одредница за отворање и затворање на поглавјата со ЕУ.

Целосното интервју е објавено на сајтот на Гласот на Америка на македoнски. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Бугарија паралелно се одржува и „Софија…

Овогодинешниот „Софија Прајд“, организиран во поддршка на…

УЖАС во Бугарија: 773 возрасни лица починале…

Општина Маглиж, Бугарија, откри застрашувачки податоци за…

Македонските и бугарските историчари повторно не се…

Предлог-препораки за македонските учебници за седмо одделение,…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Ангел Димитров: Нема напредок во работата на…

Денес во Министерството за надворешни работи на…