Носете кеш за гориво низ Србија, нашите картички не поминуваат секаде
Поради американските санкции кон Нафтната индустрија на Србија (НИС), дел од плаќањата со странски платежни картички (Виза/Мастекард) на бензинските пумпи на овој ланец се прекинати или ограничени. НИС соопшти дека очекува „странските картички да престанат да функционираат“, а како алтернатива ги наведе готовината, домашната српска картичка „Дина“ и мобилниот систем ИПС.
Санкциите влегоа во сила на 9 октомври 2025 по истекот на изземањето што ѝ дозволуваше на компанијата да работи без прекин. НИС управува со единствената српска рафинерија и со околу 350 пумпи, па прекините во картичните плаќања таму имаат широка последица за патниците, особено странците.
Што можат да направат возачите од Македонија?
– На НИС-пумпите можеби ќе ви биде одбиена картичката Виза или Мастеркард. Понесете доволно кеш (српски динари) или користете други поддржани опции (Дина, ИПС). Дел од извештаите наведуваат дека прекинот важи и за Мастеркард, а на некои локации терминалите работат, но нестабилно.
– За Лукоил Србија моментално нема официјална објава за целосно запирање на меѓународните картички. Но според информациите кои корисниците ги споделуваат, и таму не функционираат картички.
– Унгарскиот МОЛ не е засегнат од овие санкции; ако сакате плаќање со картичка, алтернативно планирајте полнење на гориво на неговите пумпи или кај независни оператори.
Американските мерки се насочени кон руското мнозинско сопствеништво во НИС. Истекот на изземањето го отвори прашањето и за снабдувањето со сурова нафта, а дел од медиумите нотираат дека санкциите може да влијаат и врз обработката на трансакции со западни партнери, што индиректно го погодува и картичниот систем на терен. Властите во Белград најавија дека ќе спречат недостиг, но деталите како ќе се одржи снабдувањето засега се ограничени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Носете кеш за гориво низ Србија, нашите…
Поради американските санкции кон Нафтната индустрија на…
МВР ја следело ситуацијата: Ќе бидат преземени…
Голем број албански навивачи се собраа во…
Поранешен дечко со оружје дошол пред домот…
Полицијата во Гевгелија денеска спречи обид за…
(Видео) Блокадите за „Пулс“ во Кочани ќе…
Блокади во Кочани. По, синоќешниот редовен протест…
Сомнежи за обид за партиски вработувања на…
Државната комисија за спречување на корупцијата на…