Ноќеска горело уште едно возило во Кисела Вода, во близина на детска градинка
Ноќеска, во близина на Шампионче, веднаш до градинката Весели цветови – објект Мимоза, било опожарено уште едно возило – џип Ренџ Ровер, со словачки регистарски таблички.
Според жителите, вистинска паника се создала, бидејќи возилото било паркирано веднаш до/под самата зграда, а пламенот зафатил и надворешен дел од зградата.
Станарите испаничени со ќебиња излегувале од домовите од страв пожарот да не ја зафати и зградата.
-Се се случи околу три часот наутро. Одеднаш се слушна пукотница, најверојатно предизвикана од пожарот по што се виде чад и пламен. Веднаш со сопругот и децата излеговме надвор, а многу кратко потоа дојде и полиција која ја евакуираше целата зграда- вели во изјава за Фактор, жителка на зградата.
Од МВР го потврдија инцидентот.
„На 25.09.2025 во 03:47 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Дичо Петров“ во Скопје било опожарено патничко возило „ренџ ровер“ со словачки национални ознаки, сопственост на В.Д.(41) од Скопје, а било зафатено и патничко возило „голф“ со бугарски национални ознаки, како и дел од фасада од станбена зграда и дел од продажен објект. Од страна на Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат. Повредени лица нема, во тек е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат оттаму.
ИЗВОР: Фактор
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ноќеска горело уште едно возило во Кисела…
Ноќеска, во близина на Шампионче, веднаш до…
Орбан и Трамп разговарале за руски гас…
Унгарскиот премиер Виктор Орбан телефонски разговарал со…
Приведен Италијанец во Штип, возел пијан
Денеска во 01:08 часот во Штип, полициски…
Апасиев: Оваа политичка дискриминација ќе се расправа…
Фејсбук објава на претседателот на партијата Левица,…
Параглајдинг несреќа на Галичица: Германец доживеа тежок…
Планинската спасителна служба Охрид извести дека вчера,…