Нуклеарната централа “Запорожје” е “екстремно ранлива”
Украинската нуклеарна централа Запорожје три месеци е без надворешна резервна енергија, поради што е „екстремно ранлива“, предупреди шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси.
Постројката се потпира на еден преостанат оперативен далновод од 750 киловолти (kV) за надворешна електрична енергија потребна за ладење на реакторот и други суштински нуклеарни безбедносни функции, соопшти МААЕ.
Пред конфликтот, електраната имаше на располагање четири такви далноводи.
„Општата ситуација на електраната останува многу неизвесна и потенцијално опасна“, рече Гроси.
„Кревката ситуација со електрична енергија на централата останува извор на длабока загриженост и, како што покажуваат новоформираните принципи на МААЕ, има потреба од зголемени напори за да се обезбеди постабилно и попредвидливо надворешно снабдување со електрична енергија.
Електраната со шест реактори беше окупирана од руските сили во март 2022 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руски ракетни напади врз Запорожје и Одеса
Руските сили изутринава извршија ракетни напади врз…
Три лица загинаа во руски напади во…
Три лица загинаа во руски бомбашки напади…
Северна Кореја тестираше ракета способна да ги…
Тестот на проектилот со долг дострел доаѓа…
СиЕнЕн ја затвора централата во Атланта после…
Кејт Болдуан изјави дека СиЕнЕн ќе мора…
ЕУ не ги признава руските избори во…
Европската Унија остро го осудува одржувањето на…