Нуклеарна катастрофа, засолништа, стокови резерви, Вучиќ ги „смрзна Србите од страв“
Нуклеарна катастрофа, засолништата и стоковите резерви беа само дел од темите на вечерашното обраќање на Александар Вучиќ, објавија медиумите од Србија.
Кога имате 10 чекори за да ја завршите катастрофата, ние веќе преминавме 9, вели претседателот на Србија, а потоа зборуваше за тоа како се користеле американски ракети во конфликтот во Украина, а рускиот одговор го гледа во понатамошни напади врз енергетски објекти и мостови во Украина.
„Ние сме целосно неподготвени и во моментот имаме место за 257.000 луѓе во прифатилиштата. Ќе мораме да разговараме со луѓе кои имаат спортски сали, пералници, продавници и се останато и повторно да почнеме да ја обновуваме инфраструктурата за да се достигне барем бројката од милион или милион и пол луѓе што можеме да ги сместиме во засолништа“, рече Вучиќ.
Вучиќ дополни дека Владимир Путин нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје.
„Познавајќи ги сите актери, мислам дека никој нема да се двоуми да ги искористи сите алатки што ги има. На Запад ќе речат дека Путин си игра, јас ќе ви кажам, малкумина го познаваат Путин како мене. Ако е загрозена безбедноста на Москва и нејзините сили, ако види дека нема друг излез, дури и да ми се налути, нема да се двоуми ниту еден час – ќе употреби нуклеарно оружје“, тврди Вучиќ.
Вучиќ ја искористи приликата да информира за состојбата со стоковите резерви.
Тие се на многу високо ниво, но се уште не сум задоволен, изјави Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Министер за одбрана на БиХ: Вучиќ беше…
Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина…
Вучиќ рано утрово објави важна вест за…
Српскиот претседател Александар Вучиќ рано утринава соопшти…
(ФОТО+ВИДЕО) Вучиќ со пет барања до себе…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на вечерашниот…
Нуклеарна катастрофа, засолништа, стокови резерви, Вучиќ ги…
Нуклеарна катастрофа, засолништата и стоковите резерви беа…
Вучиќ: Путин нема да се двоуми да…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ испрати алармантна…